Расел и Хулкенберг со по два казнени поени по Монако

Џорџ Расел од Мерцедес и Нико Хулкенберг од Хаас добија казнени поени на своите супер лиценци по крајот на Гранд При трката во Монако.

Расел беше казнет поради тоа што небезбедно се приклучи на патеката во 5та кривина додека се враќаше “во рикверц“ откако претходно ја промаши точката за кочење по лошите услови. При тоа негово несмасно излетување во него удри Серхио Перез кој беше во свој тркачки круг и објасни дека не можел да види ништо поради дождот.

Заедно со казната од 5 секунди која ја доби, Џорџ доби и два казнени поени, така што во моментов има 6 во текот на последните 12 месеци, така што единствено Пјер Гасли со 8 поени има повеќе од него во моментов.

Хулкенберг ги доби своите перви казнени поени годинава и тоа два, поради сударот со Логан Сарџент. Двајцата имаа контакт во првиот круг додека германецот се обдуваше да го претекне болидот на Вилијамс на крајот од првиот сектор. Поради лошото одработување на казната од 5 секунди, тој доби дополнителни 10 секунди и заврши на 17то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ