Расел казнет за непочитување на жолто знаме

Џорџ Расел доби казна од пет позиции во пресрет на утрешниот старт за непочитување на жолтото знаме за време на денешните квалификации за Британското Гранд При.

Возачот на Вилијамс стгна во К2 трети пат по ред откако беше импресивен со 15то време на летечкиот Силверстон. Стјуардите за време на квалификациите најавија дека ќе го истражат потенцијалното брзо возење на Џорџ за време на истакнато жолто знаме предизвикано од извртување на неговиот колега, Николас Латифи.

За време на прекршокот тој преку тимското радио соопшто дека забавил во моментот на развеаното знаме и дека целосно го контролирал болидот кога беа истакнати знамињата, но тој круг му беше најбрз на сесијата.

Стјуардите сметаат дека неговото возење е пркршување на правилата и дека не добил информација преку радиото да го прекине својот круг и на тој начин ја игнорирл забелешката од пред тркачкиот викенд на Мајкл Маси која се однесува на поставување на времиња во кругови со истканато жолто знаме. Како резултат на прекршокот тој добива пет позиции казна на стартот на домашната трка.

расел им објасни на стјуардите дека видел двојно жолто знаме на кривината број 7 и тоа било истакнато на страна и поради тоа мислел дека е единечно жолто.

малку го отпуштил педлот за гас поради тоа, но брзината не била значително пониска одошто претходниот круг иако појасни дека бил во целосна контрола на болидот и сметал дека ќе можел да превземе корективни мерки и д избегнува судар доколку тоа било потребно.

стјуардите го слушнаа тимското радио и забележаа дека тимот го предупредил за жолтото знаме пред него, но не му дообјаснија дека е двојно жолто. понатаму, не му советуваа значително да забави и да го откаже кругот согласно забелешките од директорот на трка во однос на тоа. спорниот круг беше всушност негов најбрз во тој квалификациски сегмент.

намерата на забелешките од директорот на трка е да се потенцира важноста на неопходниот систем за сингнализирање преку знамиња за безбедносни причини. додека стјуардите ги разгледуваа и земаа во предвид сите фактори, одлучија дека ќе било одговорно од возачот да ги следи инструкциите за двојно жолто знаме.

екиапта можела пвеќе да помогне, но на крајот поставиле значително брзо време и добиваат пет позиции казна на стартот како и три казнени поени – гласи соопштението од трката.

Казнените поени се први за него последните 12 месеци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ