Расел: Казните за промена на мотор треба да се променат

Џорџ Расел смета дека Формула 1 и ФИА треба да ги променат казните за промена на мотор откако претходно добро ќе анализираат што истите значат.

На возачите им е дозволен само одреден број компоненти кои ги сочинуват моторот во текот на една сезона, а прекумерна промена значи и казни на стартот во пресрет на трката. ФИА полека го намалува бројот на дозволени компоненти последните неколку години во турби хибридната ера, првенствено поради намалување на прекумерното трошење.

По денешните квалификации за Италијанското Гранд При, дури 9 возачи добија казни, речиси половина грид, така што се создде и неизвесност кој од мое место ќе тргне. Во пресрет на периодот во кој Формула 1 размислува за одржлива иднина, Расел смета дека системот на казни треба одново да се разгледа и обмисли.

се обидуваме да ја направиме формула 1 поодржлива и да ги намалиме деловите од моторот кои се користат во текот на сезоната. со се повеќе трки имаме само три мотори за вкупно 23 тркачки викенди и секој од нив работи “до даска“ секој викенд. тоа е многу и нормално е што ќе има доста откажувања, така што сигурен сум дека формула 1 треба одново да го обмисли овој дел – посочи расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ