Расел: Леклер и Верстапен се чекор пред сите

Џорџ Расел смета дека Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари се ќекор пред сите останати на Формула 1 гридот.

Двајцата беа најсериозни кандидати за пол позиција на Пол Рикар, а заостатокот на останатите е голем. Француското Гранд При беше 5ти пат сезонава тие двајцата да тргнат од првиот ред. Во моментов холанѓанецот води кај возачите со 38 поени предност.

Џорџ Расел стигна до 6то место на Ле Кастеле, неговиот колега беше две позиции пред него, во ден во кој актуелните констукторски прваци останаа разочарани затоа што очекуваа повеќе. Со оглед на тоа што посоч дека двајцата најбрзи се надвор од досега, мчадиот британец смета дека Француското Гранд При е добра шанса за нов подиум на “сребрените стрели“ со оглед на тоа што Карлос Саинз ќе тргне од последно место.

тркачкиот ритам за нас е доста силен и треба да имаме шанса против чеко. дури и ако карлос беше напред ќе имавме шанса и против него, но макс и шарл се чекор пред сите останати во моментов.

мислам дека ние сме единствена екипа која на трка е побрза одошто на квалификации, обично кај сите е обратно, но ние сакаме вака како што е. јасно е дека годинава имаме прилично многу проблеми – посоч расел.

Иако Мерцедес се надеваа на многу побрзи кругови на квалификациите, Џорџ е убеден дека со силен тркачки ритам ќе надоместат.

дефинитивно сме оптимисти затоа што имаме насока која треба да ја одржувме за да намалуваме од предноста, а напредокот е очигледен. квалификациите се најдобар момент зада се направи споредба до каде сте споредено со риввалите, ние бевме доста далеку, но посилни сме на трка.

мислам дека веројатно во недела ќе бидеме побрзо и помалку ќе заостануваме одошто на квалификации. ќе биде друга приказна утре.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ