Расел: Макс беше патетичен во Баку

Џорџ Расел го критикуваше испадот на Макс Верстапен по нивниот меѓусебен контакт на стартот на спринт трката во Азербејџан.

Двајцата се бореа за 3то место откако Џорџ имаше далеку подобро време на реакција и влезе во внатрешниот дел на првите две кривини. На вториот свиок имаа контакт по кој болидот на Ред Бул остана со мало оштетување, а Макс беше гневен на тоа и не го криеше својот бес преку тимското радио.

По крајот на трката, тој му се втури во лице на британецот, кој се извини затоа што излизгал при борба за позиција, но Верстапен не го прифати тоа нарекувајќи го “к***глав“, а на прес конференцијата потоа и “принцезата Џорџ“.

беше патетичен, но тоа се учи како дете, доцна е веќе. ако сакате нешто да добиете, мора да сте свесни дека на ист начин може и да го загубите. тој редовно прави такви потези и жестоко се трка, но тешко му е кога ќе му го направат истото на него.

јас немам ништо повеќе што да кажам, мислам дека беше добро и возбудливо тркање, единствен возбудлив момент на спринтот.

двајцата сме во овој спорт долго време и треба подобро да знаеме, имаме искуство, ќе разговараме и се е ве ред – објасни расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ