Расел: Мерцедес покажува мотивација и жар по поразот

Новиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, откри дека новиот тим има жар и мотивација да се врати по губењето на возачката титула на последната трка минатата сезона. 

Тој додаде дека неговиот личен фокус ќе биде на своите перформаци. Расел има доста работа со тимот и инженерите возејќи го новиот В13 пакет во симулаторот на тимот во Бракли. 

Поминав доста време со тимот пред да се приклучам на Вилијамс и ја знам атмосферата. Се работи на сите важни детали да се разбере болидот и предизвиците. Има огромна желба во фабриката да ја освојат титулата – откри младиот британец.

Расел смета дека новите болиди се непознати за сите, но сепак тој ќе се концентрира на неговите перформанси. 

Мојата надеж за 2022 година е да извлечам максимум од мене и од тимот. Ќе биде интересна година за развојот. Мислам дека ќе имаме добри перформанси. Не си поставувам цел за некакви резултати, Имам повеќе мали цели кои треба да ги остварам и Сите тие ќе придонесат до очигледната цел. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ