Расел: Мерцедес потфрли во јасната цел за Британското ГП

Возачот на Мерцедес очекуваше нивната предност со пневматиците да ги олесни работите во завршните етапи на Големата Награда на Британија.

Џорџ Расел очекувал минувањето на двата Мекларен за двоен подиум на Мерцедес во Формула 1 да биде едноставно на крајот од Британското ГП.

Ландо Норис и Оскар Пиастри беа на тврда гума по рестартирањето на безбедносното возило предизвикано од Кевин Магнусен во 39от круг, при што Расел и Хамилтон беа на средни и меки пневматици, соодветно.

На тврдата гума традиционално и треба подолго време за да влезе во оперативниот прозорец, но и Норис и Пиастри можеа да ги одвратат нападите одзади со пласман на второ и четвртто место што беше најдобриот резултат на Мекларен од Италијанското ГП во 2021 година.

Мислев дека ќе лесно, јас и Луис на второ и трето место, завршена работа – изјави Расел.

Не можев да поверувам колку добро ги загреаја гумите, можеби ако ставија софт на нивниот болид можеби нема да функционираше на ист начин како што функционираше на нашиот.

Подеднакво, ако имавме тврди гуми, веројатно немаше да функционира на ист начин како што функционираа на нивниот болид.

Но, стратегијата со медиум и тврда гума беше дефинитивно погрешна стратегија, меките беа секако најдобрата гума.

Тие беа солидни од една и пол до две десетинки пред нас.

Мекларен беа посилни во последните две трки со нивната надградба на Австриското ГП што го трансформираше МЦЛ60, исто како што Мерцедес падна во конкурентност, а Расел е категоричен дека тие можат да бидат фиксен дел на челните позиции.

Не гледам причина зошто Мекларен не треба да биде на челните позиции – рече Расел.

Дојдовме од Ред Бул Ринг, кој е многу различна патека од Силверстон, тие беа мал чекор пред нас и во двата наврати, па не знам како најдоа толку перформанси.

Ние немаме тенденција да се фокусираме премногу на нашите конкуренти, само треба да продолжиме да се фокусираме на себе.

Тоа ми дава инспирација дека е можно да се израмниме, но треба да се обидеме да го зголемиме темпото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ