Расел: Мерцедес ќе имаат подобар болид наредната сезона

Џорџ Расел е сигурен дека Мерцедес наредната година ќе имаат поконкурентен болид на патеки од следногодишниот календар. 

Оваа сезона Мерцедес се мачат со потскокнувањето и со висината на нивниот болид, но Расел навести дека наредниот болид има јасни цели кои треба да ги постигне. 

Сигурен сум дека се движиме во вистинска насока. Нашата филозофија е да продолжиме со развојот за кој сме сигурни дека е исправен, Но знаеме и што сакаме да постигнеме. Имаме јасна цел, Веруваме дека може да се подобриме во текот на зимата – најави младиот британец.

Расел е сигурен дека Мерцедес може да го постигне тоа. 

Во однос на податоците, мислам дека знаеме што е проблемот. Знаеме од каде да тргнеме и да разбереме зошто некаде сме конкурентни, а некаде не.

Секако сега има три последователни трки и ќе видиме како ќе биде. Не навлегувам во детали бидејќи се работи напорно и сакаме да имаме предност наредната сезона, Но секој болид е различен. како што кажав неколку пати, сакаме да си ги средиме проблемите и да се вратиме посилни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ