Расел објасни зошто ужива во квалификациите

Џорџ Расел објасни дека ужива во големиот притисок кој го носат квалификациите откако направи репутација на специјалист за квалификации. 

Тој во последните три години возеше за Вилијамс, каде го доби прекарот “господин Сабота“ поради одличните квалификации, но тоа не е никаква коинциденција бидејќи тој навистина уживал во притисокот кој го носат квлаификациите. 

Преголем е влогот на квалификациите бидејќи имаш само еден круг да ја завршиш работата и целиот свет те гледа. Тоа ме возбудува и мислам дека е највозбудливиот дел од викендот.

Болидот е брз кога се е во ред. Тоа е како повеќе како спринт отколку маратон кој мора да го менаџираш на крајот. Не може да си брз во секој круг бидејќи ќе го оштетиш моторот, гумите и сопирачките. На квалификациите даваш се од себе уживаш – откри младиот британец.

Расел смета дека квалфикациите се награда за природно брзите возачи и според него не може да се научи како да си побрз доколку го немаш тоа во себе. 

Како возач, природната брзина не се поправа повеќе од тоа што го имате на околу 16 или 17 години. Можете да бидете побрз доколку работите со тимот на болидот и на техничките аспекти.

Некои работи се учат од искуство. Дефинитивно сум побрз од пред три години, но тоа не е од мојата лична природа туку од тоа колку технички сум работел. 

Расел смета дека конечно ќе има шанса за првата пол позиција во Формула 1, но се зависи од тоа колку е брз новиот болид на Мерцедес. Тој требаше да стартува од првиот ред минатата сезона во Белгија, но сепак, поради лоши временски услови, трката не започна. 

Чувството дека си направил нешто посебно во еден круг ви го зголемува адреналинот. Треба да си едно со болидот, Треба да веруваш во него и да реагираш соодветно, а имаш чувство како да си на ролеркостер. Се фокусираш на една работа од свиок во свиок и се трудиш да си побрз. Секој викенд е така. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ