Расел открива дека Ф1 возачите одбиле промени во О’Руж

Возачот на Мерцедес е директор на GPDA (Асоцијацијата на Гранд При Возачи) од 2021 година.

Џорџ Расел откри дека возачите на Формула 1 решиле да не ја менуваат низата свиоци О’Руж и Радион на Спа-Франкошамп за Белгиското Гранд При.

Безбедноста на двата свиоци е доведена во прашање пред викендот со влажно време кое се очекува во текот на Спринт настанот.

Видливоста во влажни услови е слаба за возачите, а холандскиот возач Дилано ван’т Хоф загина на Кемел Стрејт на 1 Јули во влажни услови во првенството FRECA.

Антоан Хуберт загина во несреќа на Ф2 во 2019 година на врвот на ридот по верижен судар, по што просторот за излетување и ѕидовите беа изменети на левата страна навреме за трката минатата година.

Но, на прашањето дали се разгледани вистинските промени во распоредот на патеката во познатата низа, Расел изјави за медиумите:

Разговаравме за тоа, и мислам дека меѓу сите, заклучивме дека не треба да се воведат промени.

Тие очигледно постигнаа многу напредок со промените во вториот свиок, па тоа е веројатно најважното нешто.

Во моментов сме во постојана комуникација со ФИА по трагичната смрт на Дилано.

Постојат две прашања: дали Спа е доволно безбедна и прашањето за условите. Факт е дека моторспортот секогаш ќе биде опасен кога се движите со овие брзини.

Ако требаше да поставите рангирање на ризик на сите патеки, сигурно Спа е една од поризичните патеки заедно со Џеда и Монако и Сузука до одреден степен.

Тогаш кога ја имате комбинацијата на времето, тоа е многу предизвикувачко, едноставно немаме никаква видливост.

Начинот на кој јас го опишувам за да се обидам да дадам перспектива е возење по автопатот при пороен дожд и исклучување на бришачите на шофершајбната. Така е навистина чувството во болидот, така што нема краткорочни решенија.

Јас лично чувствувам дека Спа е доволно безбедна, но само треба да најдеме решение за видливоста при услови на дожд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ