Расел очекува корист од новиот спринт формат

Џорџ Расел од Мерцедес верува дека новиот спринт формат може да му го донесе совршен викенд за прв пат оваа сезона. 

Првиот спринт викенд ќе биде во азербејџански Баку на крајот на месецот и ќе биде првиот по три регуларни викенди во Бахреин, Саудиска Арабија и Австралија. Расел е еден од возачите кои го пофалија новиот формат на спринт викендот. 

Веројатно зборувам за корист на двајца од 3.000 луѓе кои патуваат низ светот и има една сесија во петок попладне и затоа мислам дека би имало помал притисок доколку тимовите пристигнат во среда.

За сесијата во петок треба да си тука во четврток што значи дека има многу голем притисок за тимовите. Доколку се земе предвид дека се работи за 24 трки, тогаш добиваш уште еден месец спиење дома. Би рекол дека со спринт форматот треба првата сесија малку да се одложи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ