Расел посочи што му влијае на болидот на Мерцедес

Тимот на Мерцедес беше незадоволен од нивниот настап во петокот, откако не успеа да заврши во топ 10 во Т2 со двајцата возачи.

Џорџ Расел ја идентификуваше областа која потенцијално влијае на Мерцедес во Силверстон, додека тие се обидуваат да го изедначат темпото на нивните ривали.

Британецот успеа да го постигне само 12то најбрзо време во Т2, а неговиот најбрз круг беше 1,1 секунди побавен од тој на Макс Верстапен.

По сесијата тој призна дека тоа не бил најдобар тренинг за Мерцедес, откако Луис Хамилтон исто така заврши на 15то место.

Дефинитивно не се нашите најдобри петочни сесии, мислам дека во сабота условите ќе бидат поинакви.

Расел го припишува нивниот недостаток на темпо во перформансите на меките гуми додека тие се мачеа да им парираат на ривалите Ферари и Ред Бул. Во меѓувреме, клиентскиот тим Вилијамс постави многу побрзи времиња.

Треба да откриеме што се случува бидејќи темпото во Т1 изгледаше прилично добро на медиум гуми – додаде тој.

Мислевме дека ќе бидеме повисоко пласирани ако ја користиме софт гумата, но во Т2 не бевме никаде, па треба да се обидеме да го разбереме тоа.

Расел верува дека W14 е чувствителен на висока температура, што пак влијае на нивната способност да извлечат темпо во текот на еден круг.

Гледаме мал тренд дека кога температурата е повисока, се чини дека правиме чекор наназад – објасни тој.

Во моментов има и многу ветар, сите возачи зборуваат за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ