Расел: Се чувствував како аматер во болидот

Џорџ Расел од Вилијамс има сон да освои поен со тимот за кој вози трета година по ред, но работите не му одат од рака. 

Тој се квалификуваш на импресивното 11то место во Португалија и ја задржа позицијата во отварачкиот круг, но по рестартот тој “падна“ на 15то место. 

Ова беше една од најтешките трки од 2019 година и беше борба за живот. Завршив 40 секунди зад болидот пред мене и со два круга помалку од водечкиот.

Навистина е предизвикувачки и мислам дека се чувствував како аматер кога го возев болидот кој се однесува како ѕвер – опиша расел.

Болидот играше голема улога во темпото на трката за Расел, но тој не е изненаден од проблемите. 

Знаеме дека нашиот болид е тежок кога има ветер. Кога се смири ветрот немавме проблеми, Но таква е природата на нашиот ѕвер од болид. Не е никакво изненадување. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ