Расел смета дека потскокнувањето довело до сударот на Леклер

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, смета дека потскокнувањето можеби играло улога во излетувањето на Шарл Леклер на Гранд При трката во Франција.

Надежите за титулата на Леклер се уште помали откако излета од водството на трката во раните фази на Пол Рикар. Отпрвин, се чинеше дека заглавената педала за гас што за малку ќе му ја одземеше победата на Австриското Гранд При повторно била причина и во Франција, но кога се вратил во боксовите, Леклер ја презел целата одговорност за несреќата и рекол дека тоа довело како резултат на премногу притискање во неговиот обид да го победи лидерот во светското првенство и актуелен шампион Макс Верстапен.

Сепак, во интервју за Би-Би-Си Спорт, Расел, гледајќи ги снимките од несреќата, смета дека сериозното потскокнување на болидот Ф1-75 можело да биде фактор кој придонесол кон преран крај на трката за Леклер.

Па, тоа сигурно не помогнало – рече Расел.

Знаеме колкава беше варијацијата низ болидот, а болидот потскокнуваше нагоре и надолу за преку 50% од својата тежина.

Значи, ако болидот е 700 килограми, а варијацијата е над 400 килограми, знаете, како возач, не можете да го контролирате тоа, кога е плус/минус 400 килограми на секои половина секунда кога влегувате во кривина.

Но, овие болиди се толку софистицирани со аеродинамиката и ако само потскокнуваат наоколу, гумите не се во контакт со земјата или немаат толку грип колку што би требало да има.

Не знам, но се чини интересно што имаше два инциденти во тој свиок за цел викенд и во двата имаше потскокнување на влезот. Мик Шумахер имаше извртување во истиот свиок на слободните тренинзи.

тоа е еден вид непотребен ризик и опасност низ која треба да поминеме бидејќи тоа е најбрзиот начин за возење на болидите.

Со тековната расправија околу потскокнувањето што се случува во позадина меѓу возачите, тимовите, Формула 1 и ФИА, Расел вели дека не е до возачите да ги дадат одговорите.

Немам одговори, до ФИА е да интервенира – додаде тој.

Тоа е тотално непотребно како фактор и веќе има доволно ризик поврзан со возење со 200 километри на час помеѓу улиците на Монако или Џеда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ