Расел сочувствува со Леклер по трката во Унгарија

Џорџ Расел вели дека сочувствува со Шарл Леклер откако возачот од Монако претрпе тешка трка за Големата Награда на Унгарија.

Леклер беше во позиција да победи на трката крај Будимпешта во неделата, но се се уништи кога Ферари го префрли на тврдите гуми за време на трката. Шарл ја заврши трката на 6то место откако Ферари се решија за 3та промена кај него, ставајќи го на софт гуми.

Макс Верстапен стигна до победата и сега ја зголеми својата предност на врвот на поредокот на 80 поени пред Леклер на девет трки до крајот на сезоната во 2022 година. Зборувајќи за Sky F1, Расел признава дека му е жал за Леклер по неговата неодамнешна трка.

Макс и Ред Бул силни, а Мислам дека Макс и Шарл се на слично ниво во моментов. Навистина сочувствувам со Шарл, тој врши одлична работа и наидува на многу лоша среќа. Макс и Ред Бул се само апсолутно солидни од недела во недела.

Ги видовме последните неколку тркачки викенди, тие само ги завршуваат трките и собираат се што другите им послужуваат, Но нема сомнеж дека и ние напредуваме.

Мерцедес имаше уште една силна трка на Хунгароринг, при што Луис Хамилтон и Џорџ Расел ја поминаа линијата на второто и третото место. Расел го поздрави напредокот на Мерцедес од почетокот на сезоната и се надева дека техничката директива што ќе биде воведена во Белгија подоцна овој месец ќе му помогне на тимот да напредува кон предниот дел на гридот.

Како тим завршувавме една минута зад победникот на почетокот на сезоната, сега има 10 секунди во последните неколку трки. Ако можеме да продолжиме по тој пат, дефинитивно ќе бидеме вклучени во битките.

Спа ќе биде интересна, има промена на некои од прописите што може да не приближат со другите тимови. Мислам дека ние како екипа имаме голема доверба во себе и веруваме дека вршиме одлична работа и нема причина да не можеме да бидеме во таа битка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ