Расел среќен што завршиле брзите патеки

Џорџ Расел е задовоелн што најбрзите патеки од календарот, како Спа и Монца, веќе се минато, така што тимот може да цели кон првата победа годинава.

Актуелните конструкторски прваци немаат победа оваа година и се мачат против Ред Бул и Ферари со својот радикален дизајн кој не им донесе резултат. Откако имаа силно потскокнување на почетокот на сезоната, тие успејаа да го смират својот В13 пакет, така што значително си приближија кон врвот и дури 8 пати завршија на подиум последните девет трки.

Расел успеа да дојде до 3от подиум по ред на Италијанското Гранд При и покрај тоа што Мерцедес се мачеа да стигнат блиску до ритамот на најбрзите две екипи. Тој призна дека Ферари го изненадиле со својата брзина, а осамената трка направила на крајот да биде среќен што летечките патеки се веќе зад нив.

нашиот болид не е најдобар на брзите патеки, а мислам дека имаме одлична идеја зошто е тоа така и треба да сме среќни и задоволни што овие автодроми кои бараат мала потисна сила се веќе зад нас во календарот – посочи младиот британец.

Традиционално сезонава “сребрените“ се подобри на патеки кои бараат поголема потисна сила, неодамна такви беа Хнгароринг и Зандворт. Расел дојде до својата прва пол позиција на Хунгароринг, додека во Холандија беа во комбинација за победа пред безбедносното возило да ја насочи победата кон Верстапен.

Силните страни на В13 пакетот треба да одговараат на патеките кои следуваат од почетокот на Октомври и уличниот Сингапур месецов.

на хартија, сингапур треба да одговара на нашиот болид, но ако ги видите уличните монако и азебејџан, нашиот болид не мина многу добро низ таквите нерамни патеки, така што не сум сигурен како ќе се одвива трката.

треба да продолжиме да притискаме и да продолжиме да го подобруваме болидот. задоволен сум што насоката е јасна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ