Расел сфатил дека треба само да заборави на Хамилтон

Џорџ Расел откри дека последните кругови од Бразилското Гранд При ги возел откако заборавил дека седумкратниот првак Луис Хамилтон е зад него.

Тој победи од пол позиција, а неговите шанси за триумф се зголемија по сударот на Хамилтон и Верстапен по првиот рестарт. Вториот рестарт повторно го згусна гридот и ја стопи неговата предност така што до крајот мораше да вози со идентичен болид како неговиот зад себе.

Младиот британец многу брзо го одлепи Хамилтон од својата ДРС зона, имаше предност во однос на ритамот во средниот сектор и го држеше Луис на безбедна дистанца. На крајот тој победи со нешто повеќе од 1,5 секунда пред колегата и стана 113ти победник на Гранд При.

сигурно дека беше тешко и имаше моменти во текот на трката кога премногу често го гледав хамилтон во ретровизорот, а потоа сфатив дека треба да гледам напред и да заборавам на него. единствен начин да победам беше да гледам кон напред и да возам колку што можам побрзо без при тоа да направам грешка.

мојот инженер цело време беше на радио, ми го кажуваше неговиот заостаток, веројатно 4 пати во текот на еден круг и тоа секогаш беше 1,1 секунди, 1,2 секунди, 1,4 секунди и слично. сакав дополнителна половина секунда предност, но потоа доаѓав до последниот сектор од кругот – објасни џорџ.

За време на второто безбедносно возило, Џорџ доби информација од тимот дека може слободно да се тркаат со Луис, но да бидат претпазливи.

тоа што смеевме да се тркаме ме изненади, но на некој начин и не толку. тото и екипата веруваа во мене и во луис и ние бевме еден крај друг во одреден момент годинава и секогаш се почитувавме и си остававме простор. мислам дека сакав само да ја разберам мојата позиција затоа што знаев колку е важно тимот да дојде до 1-2 победа.

ако не се тркавме, тогаш ќе ми кажеа рутински да ги донесеме болидите до целта. секој круг беше квлификациски, на секоја кривина пазев да не загубам време. круговите мораа да бидат совршени и пресреќен сум што беше така.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ