Расел ја објасни радио пораката во Шпанија

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел беше единствениот возач кој пријави дожд на патеката пред да ја смени пораката за време на трката во Шпанија. 

Поради долгата коса тој пријави на радио дека врне дожд но сега објасни што се случило. 

Иако на патеката во Барселона се закануваже дожд во текот на трката сепак тоа не се случи иако Расел пријави дека има капки во петтиот свиок. 

Неколку кругови подоцна тој објасни дека тоа всушност било пот од неговиот визир. 

Бев испотен и мојата коса беше доста мокра и не сфатив дека тече од подкапата. Беше доста вознемирувачки бидејќи ми пречеше на видното поле и ми течеше по лице. Малку беше срамно. 

Расел ја објасни ситуацијата во текот на трката на тимското радио. 

Тој ја објасни и пораката во која беше пофален од неговиот инжинер Маркус Дадли за престасувањето на Карлос Саинз на што тој одговори зачудено и праша „Само добро?“. 

Подоцна се приклучи и Волф со пофалби. 

Тоа беше само шега со Маркус. Тото сака да не фали на радио и Маркус и јас понекогаш се шегуваме. Потегот врз Карлос беше добар и мислам повеќе од добар. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ