Ред Бул веќе напредуваат со својот мотор

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, даде информација околу развојот на нивниот мотор кој треба да се користи од 2026 година на кој работат заедно со Форд. 

Марко додаде дека Ред Бул Пауертреинс веќе целосно се посветени на развојот со Форд, но сепак се потпираат на сопствени ресурси отколку на Форд и сигурни се дека ќе успеат во тоа. 

Свесни сме за тоа и затоа се потпираме на искусни луѓе и сигурни сме дека ќе биде се добро. Моменталниот напредок ни дава добри податоци и не очекуваме дека ќе сме поназад. Издржливоста е исто така добра.

Во однос на партнерот ФОрд, од него доаѓа електричниот дел на моторот бидејќи сеуште тоа не може да го правиме сами. За батеријата имаме познавања и тоа е важно за нас за да сме сигурни дека сме конкурентни – откри австриецот.

Марко додаде дека Ред Бул Паурертренис работи според програма и не отстапува од неа, а Форд веќе го има зголемено присуството во Милтон Кејнс. 

Тие се тука со нас и веќе има шест работни маси на кои се развива моторот. Еден мотор е речиси готов и тоа е јасно видливо.

Во моментов сме според планот и регрутацијата оди добро. Сепак тука е Ауди кој не прави жедни за победа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ