Од Ред Бул сметаат Гасли е подготвен за следниот чекор

Џонатан Витли од Ред Бул смета дека тимот од Милтон Кинс научил многу за проблемите на своите јуниорски возачи и посочи дека Пјер Гасли е подготвен за следниот чекор во неговата Формула 1 кариера. 

Гасли не ги испочни очекувањата на Ред Бул и беше вратен во јуниорскиот тим на половина сезона, но и неговиот наследник, Алекс Албон, не се снајде во болидот на Ред Бул. 

Научивме многу од Алекс, како да им помогнеме на младите возачи кои имаат проблеми. Исто е и со Пјер, Видете каква самодоверба има сега иако е во мал тим. Тој е подготвен  за следниот чекор – посочи витли.

Тој признава дека да се вози покрај неверојатно брзиот Верстапен е многу тешко. 

Алекс е извонреден млад човек. Како и на Пјер и на него му е тешко во тим покрај Макс Верстапен. Полесно им е во АлфаТаури или Торо Росо од каде што доаѓаа.

Макс е неверојатен талент, Но Алекс има неверојатна посветеност и никогаш не потпадна под емоции. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ