Ред Бул го отстраниле проблемот со корелацијата

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека екипата го решила проблемот со корелацијата кој носел различни податоци од патеката и воздушниот тунел и сето тоа во пресрет на оваа нова сезона.

РБ16 болидот имаше некоклу извртувања за време на зимскиот тест пред 12 месеци, а проблемот продолжи и за време на сезоната која доцнеше. Екипата откри дека извртувањата биле поради напорот на возачите да го најдат лимитот, а потоа признаа дека имаат аеродинамички проблем по неколку извозени трки.

Редовните новини кои беа носени ја подобрија ситуацијата и ги приближија до Мерцедес, а Хорнер се надева дека инвестираното лани ќе се отслика и на овогодинешниот болид и ќе бидат силни од самиот почеток.

навистина напорно работевме за да разбереме што не беше во ред во однос на корелацијата на почетокот од минатата сезона. кога сезоната почна, она што го добивавме во симулациите не беше исто со она што го гледавме на патеката. многу научивме лани и секако дека наученото треба да го пренесеме во оваа сезона – објасни хорнер.

Запрашан дали сите проблеми во однос на корелацијата се решени, Хорнер призна:

не знам, ќе видиме како ќе се однесува болидот. мислам дека мног уразбравме за пакетот лани, а дел се однесуваше и на комплексноста на нашиот воздушен тунел и ограничувањата кои ги има во некои аспекти. сепак, свесен сум дека ќе бидеме свесни за напредокот само штом почнеме со возењето во бахреин.

При крајот од сезоната, Верстапен посочи дека екипата мора да биде сигурна дека се што ќе донесе на патката како новиа работи веднаш, а не да се губи време со подесување и поправање. Во тој однос, Хорнер најавува дека се поправени сезонава.

кога нешто ново е донесено на болидот, имаме намера тоа да остане таму. немаме повеќе можност да тестираме на патеката, се мора да биде проерено и одобрено виртуелно.

мислам дека тоа ќе донесе поголема претпазливост на почетокот од сезоната, но и лани беше така и успеавме да се поправиме. секако дека лани наученото ќе го примениме и годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ