Ред Бул демантираат дека Макс ќе добие “супер мотор“ викендов

Во моментов, Ред Бул открија дека немаат планови да стават нов мотор кај Макс Верстапен за Големата награда на Саудиска Арабија викендов.

Гласините неделава велеа дека холандскиот возач ќе добие нов мотор за последните две трки кои јапонците од Хонда агресивно ќе го напираат за да тимот има поголеми шанси во борбата против Мерцедес кои за претсојната трка го најавија свежиот мотор од Бразил.

Новиот агрегат на седумкратниот првак му донесе казна од пет места во Бразил, но се покажа како полн погодок затоа што тој лесно напредуваше низ гридот и стигна до победа. Шпекулациите велат дека тој мотор на Луис бил исто така агресивно мапиран од каде произлегувала и неверојатната брзина која тој ја имаше на Интерлагос.

Во Хонда се размислувало за агрсивно мапирање и нов мотор на Верстапен, кој би бил толку агресивен што би се користел само на последните две трки, но Ред бул демантираа дека имаат планови за нешто такво. Во моментов Макс има два мотори на располагање, но и двата имаат доста километри зад себе

Мерцедес отворено зборуваат за деградацијата на своите мотори сезонава, што значи дека дури и сичниот мотор на Хамилтон од Бразил, повеќе нема да има толкава предност на Џеда како што имаше во Интерлагос. Хонда, од друга страна, има многу помала деградација на мота од своите мотори во нивниот животек век, така што нема проблем со издржливоста кој Мерцедес го има.

Поради тоа, Ред Бул не гледаат некаква итност нивниот возач да добие нов и свеж мотор за последните две патеки кои бараат многу моќ. Од Милтон Кинс демантираа дека имаат намера да инстлираат нов мотор кај Верстапен во Саудиска Арабија, но согласно резултатите викендов, ништо не се исклучува за Абу Даби.

промена на моторот не е планирана за викендов, ако нешто такво се случи, ќе биде во абу даби – откри доктор хелмут марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ