Ред Бул им го врати на АлфаТаури скршениот дел од Британија

Ред Бул Рејсинг го вратија делчето од крилото на АлфаТаури што му ја уништи трката на Макс Верстпаен во Британија. 

Дел од задниот дел на болидот на Пјер Гасли се заглави во подот од болидот на Макс Верстапен поради што холанѓанецот загуби многу потисна сила и не можеше да се бори за победа, видно заостанувајќи во однос на водечките. Како што се објави по трката, делот го попречувал движењето на воздухот под болидот, а според правилата, сите делови кои се најдени на патеката треба да се вратат на сопствениците така што актуелниот првак не можеше да го задржи парчето карбон како сувенир. 

Техничкиот директор на АлфаТаури, Џоди Егинтон го потврди ова. 

Ни беше вратен делот бидејќи очигледно е на нашата листа на делови. Ни треба назад. 

Егинтон потврди дека било нсреќна околност што делот го собрал сестринскиот тим. 

Чудни се шансите за ова да се случи и да ја уништиме трката на Макс. Жалам за ова. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ