Ред Бул и официјално ги ребрендираше своите мотори за следната година

Моторите со кои ќе се тркаат болидите на Ред Бул и АлфаТаури за следната сезона ќе бидат ребрендирани откако Хонда реши да го засили своето присуство во Формула 1.

Името на моторот на Ред Бул официјално беше променет на официјалната листа објавена од ФИА, така што јапонците стануваат посилен партнер. На трката во Сузука лани, лого на ХРЦ се појави на болидите на Ред Бул, прво појавување на Хонда во Формула 1 откако на крајот на 2021 година тие се повлекоа од спортот.

Новиот мотор со кој Ред Бул и АлфаТаури ќе се тркаат догодина ќе се вика Хонда РБПТ (Ред Бул ПауерТреинс) и тоа го навестува поголемото присуство и техничко партнерство на јапонците. Со оглед на тоа, Хонда навестува можност да се врати во Формула 1 како официјален снабдувач со моторот од 2026 година и новите правила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ