Ред Бул и Хонда открија како ќе продожат да соработуваат

Ред Бул и Хонда ја објаснија природата на нивното партнерство од 2022 година  штом јапонскиот производител и официјално ќе ја напушти Формула 1.

Пред една година Хонда објави дека ќе се повлече од тркачката година на крајот од оваа сезона како дел од реструктуирањето и следење на долгорочни цели. Потоа следуваше договор согласно кој Ред Бул формираа нова компанија со фабрика крај Формула 1 тимот во Милтон Кинс, компанија која ја откупи целокупната интелектуална сопственост од Хонда и ќе работи на производство на моторите од следната сезона.

Ред Бул Пауертраинс ќе ги снабдува Ред Бул и АлфаТаури до крајот на циклусот предвиден со тековните агрегати, односно до 2025 или 2026 година.

Последно од двете компании е весна дека Хонда потврди оти ќе го поддржува Ред Бул Пауертреинс во создавање на моторот за следната сезона, ќе помага со оператиицте крај патеката од своето седиште во Јапонија во текот на сезоната. Од 2023 година Ред Бул ќе бидат оставени сами на себе и целосно одговорни за произвдоство и одржување на агрегатите.

Дел од персоналот на Хонда вработен во Британија ќе биде прераспределен во Ред Бул, а се планира соработката да продолжи и не само во однос на моторите. Се очекува двете компании заедно да развиваат возачи и преку своите младински академии да работат со јуниорите. Соработката од тој вид започна во 2019 година и веќе го донесе Јуки Тсунода во Формула 1.

Сите моторспорт активности на Хонда во иднина ќе бидат под капа на ХРЦ, дивизијата која ги менаџира нивнтие успешни моторциклистички активности.

соработката на ред бул и хонда е страшно успешна и додека нашата формула 1 соработка се менува, никој од нас не сака да заврши оваа успешна приказна. задоволни сме со нашите амбиции и со почетокот на ред бул пауертреинс проектот кој ќе биде силно поддржан од хонда, како технички така и оперативно од следната година. тоа ќе помогне во транзицијата на ред бул од производител на шасии до производител на целосен пакет.

исто така возбудливо е тоа што нашата соработка со хонда ќе продолжи на многу начини во моторспортот и тоа од развојот на возачи до други тркачки дисциплини. присуството на хонда во формула 1 е при крај, но заедно продолжуваме да работиме – објавија од ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ