Ред Бул не очекуваат повеќе проблеми од нежниот ДРС

Ред Бул не очекуваат повеќе проблеми со ДРС системот во Монако откако нивниот главен инженер, Пол Монаган откаи дека истиот викендов треба да се отвори при многу ниски 160 кмч.

Минатиот викенд во Шпанија Макс Верстапен се мачеше со отворање на својот ДРС додека се тркаше против Џорџ Расел за позиција по што беше гневен во својата комуникација преку радиото дека Ред Бул не може да средат еден обичен ДРС систем.

Макс имаше проблеми со задното крило и во Петок, но тоа беше решено и во моментов тимот откри дека се е поправено и ДРС ќе функционира во остатокот од викендов.

да бидам искрен, нашиот дрс систем се расипа сам од себе, но на потечкиот пат научивме што е проблемот. во моментов се е во најдобар ред, но би било многу глупаво да се потпреме на тоа. знаеме што не е добро и знаеме како да го поправиме

проблемот во баку ќе биде целосно поинаков затоа што во монако дрс се отвара при 160 кмч, додека во баку се отвара при 300 кмч, така што притисокот е многу поголем. среќен сум што во моментов се е во ред – посочи монаган.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ