Ред Бул платил милиони да го задржи Хорнер

Хелмут Марко објасни дека Ферари се обиделе да го донесат Кристијан Хорнер минатата година во нивните редови.

Поради тоа Ред Бул морал да плати милиони само за Хорнер да остане во нивните редови.

Ферари го обожуваат Хорнер кој е на чело на Ред Бул од 2005 година и го донесе тимот до 99 победи и 11 титули.

Скудерија се обиде да го донесе и Адриан Њуи како и двајца сениори од тимот но покрај тоа тргнале и по Хорнер за време на трката во Монтрела минатата година.

Во текот на сезоната Ферари имаа силен болид но поради грешките во стратегијата и издржливоста на болидот, Матиа Биното ја загуби позицијата.

Ми требаше цела вечер да го убедам Хорнер да остане во Ред Бул и тоа не чинеше милиони – изјави Хелмут марко.

Иако Хорнер и Њуи останале во тимот сепак друг технички персонал го напуштил тимот.

Дан Фалоус замина во Астон Мартин додека Роб Маршал во Мекларен.

Ферари се обиделе да го донесат и Пјер Ваше од Ред Бул но сепак не успеале во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ