Ред Бул продолжува да носи персонал од Мерцедес

Од Ред Бул изјавија дека со последните регрутации од екипата на Мерцедес даваат јасна порака за нивните амбиции за проектот за Формула 1 мотори. 

Тимот привлече доста познати членови на Мерцедес како Бен Хоџкинсон кој беше на чело на механичкиот дел на Мерцедес Хај Перформанс Пауертрејнс. Сега на тимот се приклучи и Фил Пру кој е познат како инженер на Луис Хамилтон во Мекларен во 2008 година. Пру беше главен инженер на Мерцедес на делот за мотори на Бриксворт кој веќе долг период е победнички. 

Кристијан Хорнер е задоволен од доаѓањето на најновиот член на Мерцедес. 

Задоволен сум што Фил ќе се приклучи на тимот. Тој има извонредна кариера и беше клучен за успехот на Мерцедес.

Тој е уште еден доказ за нашата одличност во поглед на моторите. Ќе ни даде сила за понатамошен успех. Фантастично е што се се случува. Ги регрутираме најдобрите вработени нашата иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ