Ред Бул размислуваат за продажба на АлфаТаури

Според германскиот печат, Ред Бул сериозно размислуваат да го продадат АлфаТаури поради слабите резутлати на млаиот тим од Фаенца и малата маркетиншка вредност која ја носи за брендот спореднео со вложувањето.

Auto Motor und Sport пишурва дека новото раководство на Ред Бул прави ревизија на маркетингот и комерцијалните инвестиции на компанијата, а студијата ја предводи Оливер Минтзлаф, Главниот извршен директор на корпоративни проекти и инвестиции, еден од тројцата директори кои ги превземаа должностите од Дитрих Матешич.

Шампионтскиот Ред Бул не се очекува да биде опфатен со никакво реструктуирање, но АлфаТаури дефинитивно е товар за компанијата. Како екипа која победува, Ред бул носи голем приходи, додека АлфаТаури како реклама за брендот за облека на компанијата не е толку успеешн проект.

Според Auto Motor und Sport, Ред Бул веќе имаат три сериозни кандидати на кои би им ја продале екипата која потоа треба да се пресели од италијанска Фаенца во Велика Биранија. Преселбата би дозволла поголема синергија со Ред Бул и намалување на трошоците. Најсериозни кандидати, според гемрнаксиот печат се американците од Андрети Глобал, Формула 2 тимот Хајтек ГП како и индијците од Мумбаи Рејсинг.

Андрети Глбал дава се од себе да најдат начин и да станат дел од Формула 1 гридот, така што превземање на постоечка екипа би било фантастична опција за нив, особено по договорот со Кадилак за соработка.

Мумбаи Фалконс Рејсинг тим е сопственост на индиски милијардер и се трка во регионалната Формула на Средниот Исток како и азиската Формула 3 и тој состав стои зад обидот на Мумбаи Рејсинг да стане дел од гридот.

Трета опција е Оливер Оакс и неговиот Хајтек ГП кои може и да се во пол позиција во однос на ривалите затоа што веќе имаат широка соработка со Ред Бул кои даваат свои возачи од Академијата кај нив, а во моментов Лиам Лосон вози за тимот. Претходно Хајтек беа спонзорирани од рускиот милијардер Дмитри Мазепин, но по инвазијата на Русија над Украина тоа веќе не случај.

Се вели дека финансирањето на Формула 1 проектот на Хајтек може да доаѓа од Дубаи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ