Ред Бул се сомневале околу потребата Макс да добие нов мотор

Шефот на Формула 1 проектот на хонда, Масаши Јамамото,  откри дека тој лично го убедувал доктор Хелмут Марко од Ред Бул дека на Макс Верстапен му е потребен нов мотор за Сочи.

За време на втората тренинг сесија во Петок во Русија, тимот од Милтон Кинс објави дека ќе отслужи казна поради нов мотор кај Верстапен. Проблем беше фактот што двајцата возачи на Ред Бул имаа судари во Британија и Унгарија, така што моторите беа и физички оштетени.

“Биковите“ се одлучија за промена во Сочи, патека на која Мерцедес доминира откако автодромот е дел од Формула 1 календарот, така што Ред Бул речиси да се предадоа пред почетокот. Одлуката на тимот се покажа како исправна и благодарение на доцниот дожд кој се појави, но и одличното возење на холанѓанецот, на крајот тој заврши на 2ро место, веднаш зад Хамилтон.

знаевме дека мерцедес ќе бидат побрзи во русија, а сетирањето на нивните болиди беше целосно различно, така што верувавме дека ќе стигнат до 1-2 победа.

второто место на макс беше најдобро што можевме за да ја минимизираме штетата затоа што претходно ставивме 4ти мотор и тоа ни даде предност на трката.

бевме свесни дека во одреден момент мораме да искористиме и 4ти мотор, така што направивме одлична одлука во сочи. одлуката беше тешка затоа што имаше различни гледишта по првата тренинг сесија, а ред бул се сомневаа во одлуката до самиот крај.

стратешки сум задоволен затоа што зборував со господинот марко и лично го убедував дека сочи е одлично место за да се земе 4ти мотор – објасни јамамото.

Масаши откри дека тимот сметал дека 5то место било најдоброто што можело да го постигне возачот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ