Ред Бул со нов рекорд на Зандворт

Ред Бул поставија нов светски рекорд за менување на гуми во Формула 1 за време на Холандското Гранд При на Зандворт викендов зад нас. 

Тие се еден од најбрзите тимови при менување гуми и тоа го докажаа неколку пати до сега со брзите промени и на цели делови од болидот. Во моментов имаат најмногу победи оваа сезона со брзиот РБ18. 

Рекордот до сега беше 1,82 секунди кој всушност тие го поставија во Германија во 2019 година и сега поставија нов на Зандворт. 

Големината на гумите се промени од 13 на 18 инчи што значи дека тие се потешки и погломазни за справување. Покрај тоа, има и промена во правилата за менување и работите се дижат побавно, но Ред Бул успеаа да променат гуми кај Серхио Перез за 2,09 секунди. 

Ова не само што е најбрзо менување туку е и светски рекорд при менување на 18 инчни гуми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ