Ред Бул со рекорд за најбрзо влегување во бокс во 2023

Освен што доминираа на Шпанското ГП на патеката со Макс Верстапен, Ред Бул, исто така, драстично ги надминаа своите ривали во боксот за време на трката.

Ред Бул го собори рекордот од сезоната во Формула 1 од 2023 година со тоа што го постигна најбрзиот пит-стоп во целата сезона до сега на Шпанското ГП.

Тимот доминираше на патеката со Макс Верстапен, кој беше неприкосновен на својот пат до петтата победа во годината досега, зголемувајќи ја својата предност во табелата во шампионатот на 53 поени.

Додека тимскиот колега Серхио Перез пропушти да се најде на подиумот, боксот на мексиканецот од 2,07 секунди не само што беше најбрзиот на настанот, туку и најдобар во новата сезона.

За да се надополнат достигнувањата на тимот, трите најбрзи застанувања на трката беа изведени од Ред Бул, со тајминг од 2,07, 2,26 и 2,28 секунди.

Нивното четврто застанување од 2,65 секунди сепак беше доволно брзо за да биде 12то најбрзо тоа попладне.

Беше предизвикувачки ден за Ферари, најблиските ривали на Ред Бул во битката во боксот. Само едно од нивните четири застанувања влезе во топ 10, со време од 2,46 секунди.

Тимот со седиште во Милтон Кинс сега достигна 200 поени во борбата за наградата за најбрз пит стоп на DHL, Ферари има 172 поени, додека Алпин заостануваат на третото место со 107 поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ