Рено го прекрши полицискиот час за Рикардо да добие нова шасија

Фабричкиот тим на Рено го прекршил полицискиот час во Силверстон со цел да промени шасија на болидот на Даниел Рикардо по вчерашните тренинг сесии.

По завршување на втората тренинг сесија на легендарниот автодром, Рено откриле скршеница на шасијата на РС20 болидот и работеле за да ја променат истата. работата барала многу време и дошло до прекршување на дозволеното време за работа, таканаречениот полициски час. Секоја екипа има по два дозволени прекршоци од ваков вид во текот на сезоната пред да добие казна.

поради кршење на шасијата на вчерашните тренинг сесии, даниел ќе добие нова шасија за остатокот од викендот. екипата го прекрши полицискиот час за да направи промена и да го подготви болидот за денешните сесии – велат од рено.

Првата тренинг сесија австралијанецот ја заврши на 8мо место со само 16 ијладитинки зад својот колега, Естебан Окон, а вторите 90 минути ги заврши една позиција подоле.

во врска со возењето, покажавме ветувачки знаци, но ни недостасуваше константност на болидот. некои серии беа подобри од други, но имаме уште работи затоа што поредокот е густ како и секогаш. температурите во сабота ќе бидат пониски и тоа треба да промени некои работи – најави рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ