Рено нема проблем повторно да даде свои мотори во Ред Бул

Рено немаат проблем повторно да ги снабдуваат со свои мотори Ред Бул и АлфаТаури кои ќе останат без агрегати по повлекувањето на Хонда од Формула 1 на крајот од следната сезона.

Француската компанија работеше со Ред бул од 207 до 2018 година, период во кои заедно освоија четири двојни титули и доминираа со спортот од 2010 до 2013 година, но нивната соработка се сруши како кула од карти по воведување на В6 хибридните мотори за кои на Рено им требаше доста време да ги совладаат.

Спортските правила на ФИА во врска со Формула 1 ги обврзуваат производителот со најмалку муштерии да даде свои мотори доколку неоја екипа има потреба, а Рено следната сезона е го снабдува само фабричкиот тим.

Сирил Абитебул, првиот човек на Рено, откри дека не добил повик од Ред Бул во врска со евентуално ново отпочнување на соработка.

можам слободно да потврдам дека до сега ништо не сме разговарале. свесни сме за правилата кои се на сила во спортот и имаме целосна намера да работиме во согласност со нив, тоа е наша обврска.

секако дека и правилата имаат свои детали, мора да бидат побарани мотори од нас, а никој до моментов тоа не го сторил, а треба да бидат исполнети и други услови како време во кое тоа треба да се случи. сеуште сме далеку од тоа, рокот е на пролет следната година, а знаеме дека за тој период во формула 1 може да се случат многу работи. ќе повторам, ние ќе работиме целосно во согласност со правилата – вели сирил.

Запрашан дали обновување на соработката со Ред Бул ќе биде чудна поради нивната историја, Абитебул изјави:

мислам дека да, но треба да го погледнеме спортот и мислам дека сеуште сме многу далеку од соработка. можам да замислам дека ред бул имаат некаков план во позадина.

јасно е дека мораме да бидеме свесни за тоа, хелмут марко и кристијан хорнер секогаш имаат идеи и решенија и не очекувам ние да сме прв избор за нив – свесен е французинот.

Тој појасни дека повлекувањето на Хонда од спортот не било целосно изненадување за него.

знаеме дека секогаш може нешто да се случи, знаев дека мора да потврдат дека остануваат во спортот по 2021 година и сега беше веројатно времето да донесат дефинитивна одлука. во моментов е периодот кога се напредува и со развојот на моторот за 2022 година така што беше логично за нив да пресечат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ