Рејсинг Поинт: Хулкенберг заврши неверојатна работа

Од екипата на Рејсинг Поинт и нивниот технички директор Ендру Грин, велат дека Нико Хулкенберг завршил неверојатна работа откако го замени Ленс Строл на Ајфелското Гранд При.

Откако стана јасно дека Строл нема да може да вози поради здравствени причини, Хулкенберг беше повикан за квалификациите. Тој се квалификуваше на последно место, но само 2 десетинки позади Николас Латифи и Кими Раиконен. Во трката, германецот ги надомести позициите и се пласираше на 8мо место, со втор пласман во поени во 2020 година.

Нико заврши неверојатна работа од каде што започна, каде по беше по квалификациите во Сабота попладне. Мислам дека ги заслужува сите пофалби за неговите перформанси.

Со времето кое го имаше и промените на болидот од последниот пат кога го возеше, тој заврши неверојатна работа. Знаевме дека ќе го направи тоа, Поради тоа тој е првиот на кој му се јавуваме во вакви ситуации.

Го познаваме добро, знаеме што сака, знаеме што не сака. Веднаш го подесивме болидот околу неговите преференси, Но потребно е време во болидот, време на патеката, а тоа му недостасуваше – објасни техничкиот шеф на “розевите“.

Грин истакна дека перформансите на Хулкенберг во квалификациите биле компромитирани поради недоволно познавање на патеката и болидот, кој има значителни подобрувања од последното негово возење на Силверстон во Август.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ