Ривалите го обвинија Ферари за нелеални делови, ФИА бара објаснување

ФИА бара објаснување од Ферари за спецификација на одредени делови од нивниот болид кои биле користени на скорешниот тест за гуми на Пирели по крајот на Емилија Ромања Гранд При трката, а откако се појавија сомнежи од ривалски екипи.

Скудерија беше една од четирите екипи која тестираше гуми за Пирели на Имола по крајот на трката со цел да се развијат гумите за следната сезона. Но, ривалите се сомневале дека нивниот болид е согласно правилата затоа што италијанците возеле различна спецификација на под додека тестирале во Среда со Леклер претпладне и Саинз попладне.

Тестовите за Пирели се доста строги и ограничен во однос на тоа што е дозовлено да се вози, а ривалите алармирале дека подот на Ф1-75 додека возел Саинз бил друга спецификација со оној кој го возел Леклер.

Неодамна ревидираниот Член 10.8 од Спортските правила велат дека екипите не смее да возат нови експериментални делови на своите болиди додека тестираат за Пирели.

болидите на тестовите мора да користат компоненти кои се спецификација користена барем на една трка или на претходен тест во текот на таа година. болидите кои се користат мора да бидат согласно техничките правила.

тест делови, промени на компоненти или сртирање е забрането затоа што може да им даде на тимовите информација која не смее да се добие од тест на гуми.

механичките промени на сетирањето, промени кои ги контролира возачот и промени на компонентите не се дозволени освен ако не се однапред договорени со снабдувачот на гуми и ако не се неопходни со цел проценка на гумите – вели членот од спортскиот правилник.

Се шпекулира дека проблемите се околу подот на болидот со кој е возено попладнето. Подот кој го возел Леклер бил верзија со која тимот се тркал во Бахреин, додека онаа која ја возел Саинз не била видена претходно. За да е согласно правилата, Ферари треба да го има возено тој под барем на некоја предсезонски тест или за време на тркачки викенд.

Ферари не сакаат да ги објават целосните детали за подот на Саинз и дали истиот бил возе претходно, но децидни се дека тоа што го направиле е согласно правилата и не се загрижени за ситуацијата.

Според моторспорт, најмалку две екипи побарале од ФИА да се провери легалноста на она што Ферари го направиле и да се расчисти работата. ФИА веќе бара објаснување од Ферари како и спецификација на користените делови за време на тестот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ