Рикардо ги одбил Хаас

Даниел Рикардо реши да биде развоен и резервен возач на Ред Бул за претсојната тркачка сезона по тешки две години без резултати во Мекларен.

Австралијанецот сака година одмор со цел да се фокусира и најде дополнителна мотивација за кам-бек во 2024 година. Но, за него постоеле опции да остане како тркач и оваа година, но одбрал да не ги искористи.

неколку пати имав контакт со ферари, но за оваа година ме контактираше гунтер стаинер од хаас. како минуваа деновите особено по трите трки една по друга, ми стануваше се потешко да се вратам и ми стана јасно дека ќе биде најдобро да паузирам една сезона. сфатив дека во 2023 година не сакам да се тркам.

на некој начин ми е мило што никој не притискаше претерано многу за да потпишам затоа што ако потпишев знам дека ќе се каев и немаше да бидам задоволен – посочи дани.

На крајот, Хаас потпишаа со Нико Хулкенберг кој ќе биде партнер на Кевин Магнусен за претстојната сезона откако американците решија да не продолжат со Мик Шумахер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ