Рикардо го продал својот Мекларен за 250 илјади евра

Даниел Рикардо го продал својот Мекларен, вреден дел од неговата приватна колекција за 250 илјади евра.

Се работи за моделот 720С Спајдер кој има зафатнина од 4 литри, две врати и поминати околу 7 илјади километри, а до 100 кмч стигнува за 2,8 секунди. Истиот е обоен во MSO Lantana бојата и доаѓа со долга листа опции. Автомобилот има Bower and Wilkins озвучување, предни и задни сензори за паркирање, активно задно крило од карбон, жолти сопирачки со сребрено лого на Мекларен, карбонска внатршеност и уште многу.

Австралијанецот беше возач на Мекларен две години, а потоа спогодбено го раскинаа договорот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ