Рикардо: Документарецот на Нетфликс на направи силни во Америка

Даниел Рикардо чувствува дека Drive to Survive серијата на Нетфликс и помогнала на Формула 1 да стане позната и гледана во Соединетите Американски Држави по првата сезона која се емитуваше на почетокот на минатаа година.

Австралијанецот и неговата дилема дали да продолжи со Ред Бул или да мине во Рено беше една од главните теми на серијата. Појавувајќи се на The Daily Show тој се осврна на тоа што серијата го направила за растот на популарноста на Формула 1 во Америка.

дефинитивно чувствувам дека формула 1 станува популарна во америка поради Drive to Survive документарецот на нетфликс. минувам време во сад и пред една година никој не ме ни поздравуваше, но сега ме познаваат на улица како формула 1 возач.

луѓето велат дека ме гледале на нетфликс што е одлично. знам дека носиме кациги и лицата не ни се видливи поради што ретко кој ен препознава, но по серијата е веќе друго – објасни рикардо.

Формула 1 веќе потврди дека Нетфликс е движечка сила зад младата публика која ја привлекуваат откако објавија дека 62% од новите следачи на спортот се помлади од 35 години.

Рикардо потенцираше дека било повеќе од потребно да се улови и елементот на забава одошто возачите да се гледаат само како роботи тркачи.

јас пораснав во австралија со многу сонце и поради тоа мојот карактер е многу ведар и јас сум насмеан. ја работам мојата работа од соништата во силна конкуренција, но понекогаш тоа го заборавам.

патувам низ светот, се тркам со најбрзите болиди и тоа е одлично.

Втората сезона од серијата ќе биде премиерно прикажана на Нетфликс на 28 Февруари, но овој пат во неа ќе ги има сите 10 екипи откако во првата сезона ги немаше Ферари и Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ