Рикардо е славеник викендов, 10 години во Формула 1

Овогодишното Британско Гранд При ќе биде 10-годишнината на Даниел Рикардо во тркачката серија откако дебитираше на Силверстон во 2011 година.

На 10 Јули таа година младиот австралијанец беше во болидот на ХРТ за своето Формула 1 деби како позајмен возач во шпанскиот тим од програмата на Ред Бул. Трката ја заврши на последното место како 19ти со три кругови заостаток од Фернандо Алонсо кој победи, но десет години и седум победи подоцна, тој се враќа на “местото на злосторот“.

моето формула 1 деби беше на силверстон кога живеев на 20 минути од патеката, а се тркам таму од 2006 година и поради тоа одлично го познавам автодромот.

времето брзо минува, но гледајќи ги сликите тој викенд и мојата прва трка, изгледам младо и загубено. многу се променив од тогаш, се променив кон подобро – вели дани.

Освен 7те победи тој има уште 29 подиуми зад себе, но откако го напушти Ред Бул н крајот на 2018 година нема топ 3 финиш. Тој откри дека Рено ќе има новини за претсојната трка и се надева на добри квалификации и поени со РС20.

имаме некои ситни новини, маа промена на странините крила за викендов, така што треба да имаме некои перформанси плус и очекуваме добра трка. на квалификации сакаме да влеземе во најбрзите 10, а потоа и да освоиме силни поени во недела.

мојот фокус се поените и брз к3 круг како помош за добра трка како и забава во недела. ова е добра патека и сите уживаат да ја возат. без фанови ќе биде поинаку, но сакам да приредиме добро шоу за гледачите од дома.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ