Рикардо задоволен: Стјуардите сфатија дека погрешиле

Мајкл Маси од ФИА призна дека стујардите погрешиле на претходната трка и требало да донесат различна одлука за инцидентот помеѓу Ленс Строл и Даниел Рикардо кој се случи во текот на последните кругови од Штаерското Гранд При. 

Строл доби позиција откако го истурка Рикардо во битката во третиот свиок, а тие ја поминаа финиш линијата на седма и осма позиција, а по истрагата за инцидентот на Строл му беше непроменета позицијата. 

Овој инцидент се дискутираше во Петок на брифингот во Унгарија каде стујардите се премислиле, а Рикардо на шега си ги побара назад поените. 

ДОколку се случи тоа денес треба да ги смениме позициите. Треба да се видат фактите, тие прифатија нешто различно, Но кога ќе помине недела веќе резултатите се тие.

Не може да се вратиме и да направиме измена, Но ова е фрустрирачки. Ова е мала утеха, но мора да одам напред. Ќе го прифатам, Но со време ќе стане појасно. Не беше мој избор, Не излетав за забава, а Тие признаа дека би пресудиле различно – смета рикардо.

Овој инцидент за Рикардо не е ист како тој од минатата година помеѓу Верстапен и Леклер кога исто немаше казна. 

Не ми помага ништо, но инцидентот е различен од тој на Леклер и Верстапен во истиот свиок. Прво не се чувствуваш исто и затоа немаше казна таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ