Рикардо имал преговори со Порше околу Ле Ман

Даниел Рикардо откри дека имал можност да учествува на 24 Часа Ле Ман со Порше во 2015 година.

Австралијанецот призна дека имал преговори со кои тој ќе се придружел на германскиот тим, но неговото учество било откажано поради забрана од Ред Бул. Веста излезе пред преминот на Рикардо во Мекларен за 2021 година, каде ќе работи покрај Андреас Сеидл, човекот кој ја водеше ЛМП1 програмата на Порше во Светското Првенство на Издржливост.

Андреас е човек со кој одвај чекам да работам. Прв пат бев во контакт со него во 2014 година. Имаше обид да учествувам со Порше на Ле Ман. Слушнав од други кои работеле со него и кои имаат високо мислење и одвај чекам на тоа.

Јас сум како сунѓер, секогаш сакам да впивам информации, да се подобрам себеси – се пофали аватралијанецот.

И самиот Сеидл призна дека имал разговор со Рикардо.

Да, имавме некои преговори во минатото. За жал, тој не доби дозвола во тој период да ни се приклучи на проектот. Мислам дека ќе беше интересно искуство за нас, но и за него. Автомобилот со кој требаше да вози всушност победи на Ле Ман.

Даниел е возач кој го следам низ неговата цела кариера. Секогаш ми се допаѓале неговите перформанси на патеката, но и начинот на кој се однесува, со неговата позитива, што е многу важно за мене.

Среќен сум што успеавме да се договориме овој пат и одвај чекам тој да ни се приклучи во Јануари – нетрпелив е германскиот шеф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ