Рикардо им “спушта капа“ на Мерцедес за иновацијата

Даниел Рикардо ја пофали Мерцедес што продолжиле со огромен напредок и новитети во Формула 1 за време на предсезонските тестови.

DAS системот доведе до многу прашања во падокот откако дебитираше во Четвртокот користен од Луис Хамилтон, а дискусијата околу истиот не престанува. Но Рикардо само би им “спуштил капа“ на шесткратните двојни шампиони додека ја надминуваат границата во спортот со напредок од година во година.

Треба да им се спушти капа бидејќи тие се доминантни во текот на целата турбо хибридна ера, а сепак сеуште ги притискаат сите. Треба ние и сите други да ги притискаме нив, но тие не се опуштаат. Мислам дека поради тоа тие се толку доминантни.

Тие се пример во моментот и како конкурент, тоа го почитувам. Добро е за сите да видат колку далеку се подготвени да напредуваат. Мислам дека сите до сега, никогаш не слушнале за ваков систем, а ниту ни помислиле.

Не мислам на сите, но најверојатно многу луѓе не помислиле на ова. Најверојатно сега тоа е тема на дискусија во секоја екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ