Рикардо искрен: Дебаклот од Монако долго време не ми даваше мира

Даниел Рикардо искрено признава дека начинот на кој ја загубил победата во 2016 година во Монако поради лоша работа на механичарите во боксот го прогонувало долго време, се до неговиот триумф низ Кнежевството пред две сезони.

Таа кобна трка во 2016 година за австралијанецот, тој тргна од пол позиција и менаџираше со трката од првото место стигнувајќи на прагот да победи. Но, грешкаа на екипата на Ред Бул во боксот при промена на гуми му одзема време, по што Луис Хамилтон нанижа уште една победа корисејќи грешка на конкурентите.

Препознатливата насмева на Австралијанецот тој ден на подиумот во Монако се претвори во очајна гримаса на неговот лице, а тој еше бесен што така “ефтино“ загубил триумф.

нема да лажам, таа трка ме прогонуваше две години. потоа во 2018 година не погрешив ништо и повторно на крајот имавме проблем и изгледаше дека ќе ја загубиме трката. во монако, ако водите на првата кривина, само вие самите може да си ја загубите трката.

но, 2018 годин беше многу поразлична во однос на нивото на стрес и притисок поради тоа што ни се случи две години подоцна. на крајот ни олесна затоа што победата повторно не ми беше одземена. уживав во деновите кои следеа подоцна затоа што едноставно бев пресреќен и многу ми олесна.

Спомените од тој малерозен ден во 2016 година, сепак остануваат засекогаш врежани во меморијата на возачот.

дури и по четири години се сеќавам многу детално на тој ден, како видео во мојата глава. се замислувам како минувам низ кривината пред тунелот, а потоа следуваше менувањето гуми на кое бев многу, многу лут.

немаше да ми биде толку тешко доколку имав механички проблем и не завршив трка, но не сакам повеќе да зборувам за тоа, секако дека не ми е мило и не се присетувам со радост. се сеќавам уште дека стоев на подиумот со луис, тој победи, а јас имав се под контрола и не сакав да сум крај него.

потоа не прес конференцијаа некако ми се разбистри умот и помислував како тоа завршувам на второ место во монако и тоа е еден од најлошите денови во мојот живот. сфатив дека треба да се разбудам и тогаш гневот премина во разочарување.

сакав потоа да бидам сам во собата за возачите, но хелмут марко дојде да ме види и тој исто така беше скршен. само ми кажа дека му е жал и ме прегрна, а потоа не ни можев да реагирам агресивно на тоа, него го болеше исто колку и мене.

по трката отидов дома затоа што не сакав повеќе никој да ми се извинуба и не мислев дека било што добро може да излезе од посочување на виновник кога бев лут. порати тоа две години подоцна сето тоа беше толку слатко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ