Рикардо и Абитебул со исти тетоважи доколку Рено дојде до подиум

Даниел Рикардо ги откри деталите за неговиот облог со шефот на тимот, Сирил Абитебул, дека ќе си направат иста тетоважа доколку донесе подиум за екипата годинава.

Рикардо дојде во Рено од Ред Бул пред почетокот на минатата година, но сеуште нема завршено трка на подиум. На Британското Гранд При по втор пат стигна до 4то место за фабричката екипа и тогаш откри преку радиото дека за малку ќе морало да се оствари кладбата со шефот.

Запрашан да открие за што се работи, австрлијанецот објасни дека ако дојде до подим тој и Сирил ќе си направат исти тетоважи.

тоа е кладбата и мислам дека тој бира место и големина, но дизајнот е од мене. да расчистиме, се работи само за тетоважа, но тој нема ниту една така што ќе биде голема работа за сирил.

мислам дека ќе биде нешто спонтано да се зачини моментот. мора да биде смешно и кога и да ја погледне да се почеша по глава сеќавајќи се на тие времиња, нешто во тој стил – појасни дани.

Во Мај Рикардо објави дека по крајот на сезоната тој ќе замине во конкурентскиот Мекларен по две години во Рено, откако од Вокинг во Маранело ќе замине Карлос Саинз. Дани ќе стане колега со Ландо Норис, духовито момче со кое веќе на големо се “реметат“ во падокот.

се среќаваме во падокот и секогаш се шалиме. нетрпелив сум да почнеме да работиме заедно затоа што знам дека ќе бидеме големи конкуренти и ќе биде многу забавно.

од надвор неговите перформанси се одлични, дојде до подиум, има силни квалификации и многу се подобрува во својата втора година во спортот. тоа е кул да се види и ќе биде одлично да се работи со него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ