Рикардо и Верстапен: Со обратен грид ќе се намали вредноста на победите

Формула 1 возачите ги истакнаа своите грижи околу можноста за воведување на на обратен грид која се дискутира помеѓу челниците на спортот, сметајќи дека со тоа ќе се намали вредноста на победите.

Директорот за моторспорт, Рос Браун, е желен Формула 1 да воведе квалификациска трка за обратен грид на ограничен број на настани следната сезона. Со цел да ја проверат популарноста на идејата, Формула 1 моментално има анкета објавена за своите фанови.

Само сум загрижен дека ако го додадеме на вештачки начин и секој возач стигнува до победа, дали ќе остане истата вредност на Формула 1 победа како нас? Ќе биде на линија со балансот, Тоа е мојата загриженост.

Тешко е бидејќи сакаме повозбудливи трки, но сепак, Формула 1, а и секој кој го држи големиот трофеј, треба да има одредено ниво на вредност. можеби тоа ниво ќе се намали со обратен грид – вели Даниел Рикардо.

Макс Верстапен смета дека обратен грид ќе биде контрадикторно со целата суштина на Формула 1.

Не ми се допаѓа тоа. Ќе биде вештачки само за да има шоу, а не верувам дека тоа е поентата на Формула 1. Брзиот болид треба да биде напред. За тоа сите работат и зошто би го манипулирале тоа? На крајот, најверојатно секој ќе заврши на иста позиција, но тоа не е Формула 1.

Треба да биде за перформанси, а за тоа работиме. Сакате да бидете најдоминантен и конкурентен тим и да стартувате од првиот ред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ