Рикардо: Мекларен ме изморија зимово

Даниел Рикардо смета дека Формула 1 тимот на Мекларен многу го измориле и намачиле минатите два месеци откако стана нивни член се со цел да се прилагодат на претсојната сезона.

Австралијанецот стана дел од трофејната екипа од Вокинг завземајќи го местото на Карлос Саинз кој направи трансфер во Ферари. Во пресрет на првата трка од сезоанта во Бахреин, Дание откри колку напорни и интензивни подготовки имал во Мекларен за претсојната сезона.

напорно и интензивно работеа со мене минатите два месеци, буквално беше лудо, но имаше причини за тоа. јас не трошев време туку гледав да бидам колу што можам поефикасен.

тие само се обидувбаа да сработат колку што може повеќе за да се подготвиме најсилно што можеме, а резултатите кои ќе следуваат ќе покажат дали сме одработиле како што треба – откри рикардо.

Очекувањата од Мекларен се големи сезонава откако лани беа на 3то место во конструкторскиот поредок.

гледајќи го мекларен од надвор последните неколку години, навистина многу напреднаа со резултатите, но и со своето присуство во падокот, некако пораснаа. штом влегов во нивната фабрика почувствував ентузијазам, мотивација, иако знам дека сето ова што го велам е клише.

И покрај тоа што мина само три половини од денот возејќи го МЦЛ35М на предсезонскиот тест, Рикато чувствува дека е добро подготвен.

секој болид е различен, а секој од нас може да влезе во болидот и за многукратко време да биде 90-95% подготвн затоа што принципот на работа е сличен. сите се формула 1 болиди и имаат силни и лоши страни, како и слично ниво на потисна сила.

возбудата е да се најдат и последните 5% од перформансите каде што доаѓаат до израз разликите помеѓу болидот и возачот. можеби тие лежат во доцна запирање или во побрзо минување низ кривините, листата е долга.

но, не дека е некое преголемо прилагодување, околината е слична, само вадење на последниот дел од перформансите бара време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ