Рикардо може да остане во Мекларен до крајот на кариерата

Даниел Рикардо најави дека може да остане во Мекларен до крајот на својата Формула 1 тркачка кариера.

Австралијанцот дебитираше во сега пропаднатиот ХРТ во 2011 година на Силверстон, а потоа направи трансфер во Торо Росо следната година. Во сениорскиот Ред Бул стигна пред почетокот на 2014 година како замена за својот сонародник Марк Вебер и возеше крај Себастијан Фетел. Остана во Милтон Кинс до крајот на 2018 година и победи седум пати за нив, но не го издржа притисокот да вози крај Макс Верстапен и мина во Рено од каде по две години на почетокот на минатата сезона дојде во Вокинг.

Дани имаше тешка транзиција и привикнување на МЦЛ35М болидот на тимот, но и покрај тоа успе да победи на Монца во единстениот 1-2 триумф на некоја екипа во 2021 година.

32-годишникот веќе е ветеран со 210 стартови зад себе, свесен е дека неговата кариера е доста блиску до крајот, а неговата амбиција да стане првак сеуште е неисполнета.

причината поради која не ни размислувам за други екипи за во иднина е поради тоа што најтешката година одпрестојот во мекларен е зад мене. сметам дека ако успеав да победам во таква година, ќе бидам многу посилен на трките кои следуваат. дефинитивно сум многу возбуден, сакам да бидам во оваа екипа до крајот на мојата каирера.

малку лутав последните 3-4 години, но ми се допаѓа мекларен, работата тука и уживам во тимот и со тимот. сакам овој проект да успее додека сум јас дел од него. одлични се вклопив, ми се допаѓа брендот, ми се допаѓаат нивните автомобили и мис е допаѓа што сум дел од семејството и компанијата – задоволен е австралијанецот.

Сепак, за остварување на својот сон, а тоа е титула, тој е свесен дека мора да биде во најдобриот болид. Лани Мекларен ја загуби борбата за 3то место од Ферари кај конструкторите, а Мерцедес и Ред Бул беа прилично далеку пред нив.

дел од предизвикот во формула 1 е целта не да се биде брз, туку да се биде во најдобриот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ