Рикардо: Не требаше да му дозволиме на Перез да победи

 Даниел Рикардо изјави дека не требало да му се дозволи на Серхио Перез да победи на Шакирското Гранд При откако беше последен по првиот круг. 

Перез извозе одлична трка откако беше на последната позиција по контактот со Шарл Леклер на 4та кривина по стартот на трката. 

Рикардо заврши на петта позиција додека неговиот колега, Естебан Окон, на второ место и верува дека нема оправдувцање за начинот на кој Перез успеал да стигне до победата. 

Беше тешко и јас сум петти што е всушност добар резултат и плус Естебан е втор и му честитам. Но, нашите ривали се на прва и трета позиција за што им честитам, но не требаше да им дозволиме да победат. Чувствувам дека нешто сме пропуштиле – смета австралијанецот.

Рикардо беше дел од возот на болиди кои се бореа за место на подиумот, но неговите шанси беа уништени со раното менување на гуми на Даниил Квјат. 

Имавме лоша трка. Бев повикан во бокс кога веќе ја поминав пит линијата и Квјат влезе пред нас. Му дадовме слободно менувње и останав зад него. Мислам дека тој круг ја изгубивме трката.

Ова е можеби најразочарувачката петта позиција по подолго време и му честитам на Естебан за одличната трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ