Рикардо решен да биде силен во Турција

Даниел Рикардо вели дека Мекалрен напорно работеле од Руското Гранд При за да се осигураат дека ќе бидат силни викендов во Турција.

Во Сочи тимот речиси да победи откако Ландо Норис водеше во голем дел од трката, но ризикот со мазните гуми на дожд беше преголем и тој назадуваше по доцната промена. И покрај разочарувачката трка, двајцата возачи завршија во поени и во моментов тимот е 17,5 поени пред Мекларен.

работиме напорно од последната трка за да се осигураме дека ќе бидеме силни во турција. со оглед на тоа што по долга пауза возевме таму лани, имаме доста податоци за тоа како најдобро да го сетираме болидот, така што работевме во симулаторот и ќе почнеме силно уште во петок.

борбата за 3то место кај конструкторите е жестока во моментов и знаеме дека секој поен е важен и поради тоа се трудиме да освоиме повеќе поени од нашите конкуренти на секоја трка.

имавме одличен почеток на вториот дел од сезоната и одиме во турција за да го надоградиме моментумот и да дојдеме уште поблиску до 3то место сезонава – најави рикардо.

Андреас Сеидл, првиот човек на Мекларен, ги повтори коментарите на својот возач и најави дека е свесен дека сезоната доаѓа во клучниот дел.

доаѓаме до клучен дел од сезоната и со потврдеиот календар, предизвикот кој ни претсои е јасен. едноставно, мораме да се осигураме дека ќе освоиме максимален број на поени секој викенд за да останеме во борба за 3то место кај констукторите.

екипата на патеката и во фабриката, заедно со нашите колеги во одделот за мотори на мерцедес, прават фантастична работа годинава за да ја задржиме позицијата, но борбата е тесна. мораме да останеме фокусирани и да дадеме се од себе до крајот на годината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ